Исповед на спортист кој заради короната бил 25 дена во кома: Кога се разбудив сите мои мускули ги снема

од Aleksandar Petrovski

Ахмад Ајад живее „спортски живот“. Тој редовно вежба, јаде здраво, се грижи за своето здравје и не ни се надевал дека коронавирусот може да го „нападне“ и да му го направи животот мизерен.

Но, атлетичарот од Вашингтон бил толку заразен што лекарите во болницата Џон Хопкинс морале да го стават во вештачка кома и да го стават на респиратор.
За тоа време тој изгубил 27 килограми и како резултат има оштетување на белите дробови и на срцето. А до вчера без проблеми се занимавал со спорт и физички бил најподготвен за најекстремните предизвици.

На почетокот на март, отишол на Флорида заедно со својот брат на три дена. Неколку дена подоцна, на 11 март, развил треска и почна да губи тежина.

Следеле кашлање, кивање, губење на апетит … По четири дена, почнал да дише со тешкотии, без сила да оди или да вози автомобил.

„Јас го добивам грипот секоја година и се лекувам од него два или три дена и се чувствувам подобро. Ова не е грип. Луѓето треба да бидат внимателни. Живеете така што мислите дека корона е некој посилен грип и вие нема да го добиете, изјави Ајад за „ВМАР 2 њуз“, а го пренесоа сите светски медиуми.

„Ете, тоа мене ми се случи. Во основа бев парализиран, не можев да се движам. Кога се разбудив од кома сите мои мускули исчезнаа”, ја опиша агонијата Ахмад.

Кога излегол од болница, Ајад морал да помине рехабилитација, која се состоела и од говорна терапија …

Утешно е што два месеци подоцна, тој се вратил на спортски активности и ја вратил физичката кондиција.
„Морав да одам на лого-терапија затоа што не можев да зборувам. Ми требаше социјална терапија затоа што морав да научам да голтам повторно. Физикална терапија беше неопходна за да го разбудам телото. Имав потешкотии во дишењето бидејќи ми се оштетија белите дробови, моето срце исто така е оштетено“, рече американскиот атлетичар.

Слични содржини