Испратиле 119 тужби: Гледачите на BBC полудеа на настапот на Пусикет Долс

Неодамна повторно собраната група Пусикет Долс при крајот на февруари гостуваше во емисијата The One Show на каналот BBC1, а телевизијата досега добила 119 тужби од гледачите на кои нивната изведба на синглот React им била премногу вулгарна.

Пусикет Долс на чело со Никол Шерцингер, на 29 февруари го претставија синглот React, но емитувањето на британскиот канал BBC1 предизвика огорченост кај бројни гледачи, а BBC дури и издале соопштение со кое ги изведува гледачите дека перформаност бил прикладен за вечерниот телевизиски програм.

„Работевме со бендот на тоа да се осигураме дека перформансот ќе биде прикладен. Пусикет Долс се познати по своите рутини и изгледи и ние најавивме уште на почетокот на шоуто дека ќе се појават. Настапија пред крајот на програмата, нешто пред 20 часот“, соопштиле од BBC.

„Како и со сите изведувачи, така и овој пат, работевме на тоа да се осигураме дека перформансот ќе биде прикладен за проглрамата. Почувствуваме дека периодот е прикладен и дека нема да се коси со желбите на повеќето гледачи. Но, го цениме тоа што некои од гледачите не се сложуваат“.

За време на нивниот настап се провлече и една техничка грешка, но гледачите повеќе биле фокусирани на жешкиот настап на бендот.

Слични содржини