Ист Гејт Мол со две станици за полнење на електрични автомобили

од Vladimir Zorba

Паркингот на Ист Гејт Мол од денес претставува уште една точка каде што граѓаните ќе можат да ги полнат своите електрични и хибридни автомобили. Полначите се наоѓаат на првото ниво на паркинг, во виолетовата зона на јужниот влез на паркингот.

Посетителите ќе можат непречено да ги користат полначите, а струјата за нив е бесплатна.

Предноста на користење на електричните возила во Македонија е во намалувањето на штетни гасови и подобрување на квалитетот на воздухот, трошоците за транспорт и намалување на бучавата во градовите.

„Центарот, како општествено одговорна компанија, ќе продолжи да ја следи својата мисија да биде предвесник и лидер во технолошките иновации и понатаму ќе имплементира решенија кои ја зачувуваат животната средина“, изјави Извршниот директор Игор Давков.

Слични содржини