Иста како мајка ѝ: Ќерката на Мадона го украде целото внимание на Модната недела

Иако ретко се појавува на настани и воопшто на места каде можат папараците да ја уловат, ќерката на поп-кралицата Мадона, Лурд Леон не ја пропушта Модната недела.

Пред помалку од две години таа имаше прилика да се испроба како манекенка на њујоршката Модна недела каде се прошета на пистата за родно неутралниот спротски бренд Gypsy Sport, а инаку секој година будно ги следи ревиите од првиот ред.

Со новиот Месец на модата, ќерката на Мадона одлучи повторно да излезе пред објактивите, а тоа го направила на лондонската Модна недела на ревијата на луксузната куќа Burberry.

Лурд седеше до британската ѕвезда од 90-тите, Сканк Ананси, а вниманието го плени со нејзината облека, со дизајн на модната куќа Burberry.

Овој оскуден изглед го надополнила со шешир со истиот принт и црни чизми до колана. Финишот на изгледот го дала со ретро ѓераднот со нејзиниот надимак: Лолита.

Како што пишува Вог,многу модни критичари се согласиле дека Лурд од ден во ден се повеќе личи на својата мајка и дека може да се забележи дека имаат ист моден вкус.

Слични содржини