Истакнато знаме на ОВК на српската амбасада во Финска

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи на Србија денеска објави дека непознати сторители „во понеделникот вечерта на зградата на Амбасадата на Србија во Финска го истакнале знамето на терористичката ОВК, таканаречената „Ослободителна војска на Косово“.

Амбасадорот Саша Обрадовиќ утрово го отстрани знамето од влезот во дворот на амбасадата и ја известил хелсиншката полиција за инцидентот, која излегла на терен и спровела истрага.

-Министерството за надворешни работи на Србија најостро го осудува овој провокативен и вандалски чин и очекува сторителите да бидат пронајдени, се вели во соопштението на ресорното министерство.

Слични содржини