Истанбул има поголем БДП од осум земји на Балканот заедно

од Aleksandar Petrovski

Најголемиот град во Турција, Истанбул, има бруто домашен производ (БДП) од 256 милијарди долари, а осумте балкански земји заедно имаат 253 милијарди долари, пишува Индикатор.ба.

Сонер Кагаптај, директор на турската истражувачка програма во Институтот за блискоисточна политика во Вашингтон, објави на Твитер дека БДП на Истанбул е поголем отколку во Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија, Хрватска и Црна Гора, пренесува Танјуг.

БДП на Турција е 740 милијарди американски долари

Според Светската банка, БДП на Турција минатата година изнесувал 740 милијарди американски долари, а за илустрација, БДП на Босна и Херцеговина во 2018 година бил 20,2 милијарди американски долари.

Истанбул има население од 15,5 милиони, а осумте земји заедно имаат население од 28,6 милиони.

Слични содржини