Актуелно
Почетна / Анализи / Историчар: Во националистичката Србија на Вучиќ, криминалците се херои

Историчар: Во националистичката Србија на Вучиќ, криминалците се херои

Националистичката и автократска Србија е закана за цела Југоисточна Европа и клучен фактор за нејзина дестабилизација. Анти-црногорската реторика и поттикнувањето на конфликтот што доаѓа и од владејачката и од националистичката опозиција ги надмина нивоата уште од времето на Слободан Милошевиќ, се наведува во анализата на историчарот Миливој Бешлин, пренесена од bgnes.

Во Србија денес, степенот на национализам е зголемен со внатрешна хомогенизација и ширење на омраза од внатре кон надвор. Ова го потврдуваат најновите манифестации на фашизам и насилство во Војводина, затоа што најчесто таму може да се најде некој друг, кој мора да биде понижен, етикетиран и дехуманизиран.

Негирањето на кривични дела, вклучително и најсериозното кривично дело како геноцид, стана секојдневна појава, а прославата на сторените злосторства и хероизацијата на криминалците е вообичаена. Во таква атмосфера, никој не треба да биде изненаден од излив на омраза, насилство и фашизам.

По неуспехот во разговорите за реформи и неискрени заклетви во Европа, владејачката Српска напредна партија ќе се врати на она што може најдобро да го направи – да шири омраза и национален шовинизам. Оваа партија живее од создавање на непријатели. Денес тие се Црногорци, а пред тоа беа Хрвати, Бошњаци, па дури и пред нив Македонци. Утре може да бидат Косоварите и со тоа кругот ќе се затвори.

Авторитарната и националистичка Србија не може да се справи со независноста на Црна Гора, таа само на зборови ја признава Босна и Херцеговина, и всушност прави сè што може за да ја ослаби.

Владетелите го претворија српското општество во нација изедена од омраза и агресија. На земјата и недостасува соодветна алтернатива. Србија практично се врати на еднопартискиот модел на влада и има најслаба опозиција во однос на интелектуалноста. Нема никаква идеолошка разлика помеѓу властите и националистичката опозиција, нема разлика во курсот за надворешна политика, единствено за што се натпреваруваат е омразата кон соседите. И нивниот единствен спор е кој ќе биде на власт и кој ќе ги задржи парите.

Миливој Бешлин, историчар. Неговата анализа е објавена во весникот „Данас“ и порталот „Аутономија“.

loading...