Историја на хемотерапијата: Од воен отров до лек за болни

од Stefanija Kuzmanovska

По ужасите кои ги донесе Втората светска војна, лекувањето на ракот доби сосема поинаква форма. Како хемотерапијата од воен отров прерасна во надеж за болните од рак е опишано во новата книга на авторката Џенет Конант Нортон.

На 2 декември 1943 година, Германија го нападнала италијанското пристаниште Бари. Повеќе од 1.000 луѓе биле убиени тогаш, а 17 бродови биле потопени. Една од нив носел 2.000 бомби исполнети со смртоносен гас. Од тој гас, кој всушност бил во течна форма, војниците добиле страшни рани на кожата, а во следните денови болниците биле полни со пациенти кои имале отоци и привремено слепило, пишува на веб-страницата Nature.com.

Книгата „Големата тајна: Класифицираната катастрофа од Втората светска војна што ја започна војната против ракот“ од Џенет Конант Нортон одново ја оживува таа вечер и ја следи приказната за воен лекар кој се обидува да ја открие вистината на хемиското оружје. Тој со своите напори неизмерно придонел за развој на хемотерапијата.

А, кој отров всушност предизвика страшни рани и последици врз војниците – сè уште е делумно мистерија затоа што хемиското оружје од Бари било строго чувана тајна. Женевската конвенција од 1925 година забранува употреба на хемиско оружје, но оваа пратка била сместена во Бари во случај Хитлер да посегне по сличен арсенал.

Еден од хероите на книгата е Стјуарт Александар, американски експерт за хемиско оружје. Тој бил зачуден од тоа како овој гас ги уништува леукоцитите на пациентите. Претходно, тој видел нешто слично само во експерименти со животни.

Тоа дало надеж за размислување дека хемијата може да се користи за запирање на клетките на ракот кај леукемијата и лимфомот. Идејата била да се преплави телото со отровни супстанци со цел болеста да се повлече или барем да забави.

Александар понатаму го проследил својот извештај за сè што видел, а целта била да се најде лек за рак во хемијата.

Сепак, идејата за хемотерапија не дошла од Бари затоа што било рано да се поврзат сите конци. Истражувачите од Универзитетот Јеил во Конектикат први лекувале рак со хемиски супстанци во 1942 година, иако без успех. Сепак, згора на сето тоа, набљудувањата на Александар од Бари ги уверило истражувачите дека вреди да се разгледа тој пристап за лекување.

Дотогаш, операцијата и радиотерапијата беа единствените опции.

Вториот херој на книгата, контроверзниот лекар Корнелиус Роудс, исто така со сите сили се залагал за новиот вид на терапија, особено кога завршила војната. Авторката на книгата верно опишува колку надеж им донела на лекарите првата позитивна реакција на пациент на хемотерапијата.

Меѓутоа, противниците на оваа идеја биле згрозени од фактот што пациентите буквално се трујат, а ниту резултатите не ги воодушевиле. И покрај тоа, Роудс ги поставил темелите на она што истражувачите го прават и денес – ја усовршуваат терапијата за малигни заболувања.

Затоа, оваа книга е важна затоа што зборува за почетоците на овој важен сегмент од медицината.

Денес, хемотерапијата напредуваше, некои лекови се помалку токсични, тие се даваат во помали дози или се подобро усмерени на она за што треба да помогнат, особено насочената терапија и сето тоа дава голема надеж за опоравување.

 

Слични содржини