Историска одлука: Родителите од ист пол мора да бидат признаени како семејство во ЕУ

од Nikola Popovski

Врховниот суд на ЕУ одлучи дека истополовите родители и нивните деца мора да бидат признати како семејство во сите земји-членки на ЕУ.

Во пресудата во вторникот, Европскиот суд на правдата наведе дека ако една земја признае родителски однос со дете, тогаш секоја земја-членка треба да го стори истото, за да го гарантира правото на детето на слободно движење.

Случајот дојде пред судот откако бугарските власти одбија да дадат извод од матичната книга на ќерката на истополов пар, која е родена во Шпанија во 2019 година, со образложение дека детето не може да има две мајки.

Слични содржини