Историската средба меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг Ун

од desk4

  Почна историската средба во Сингапур меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп и Ким се поздравија и се повлекоа на разговори во четири очи во хотелот Капела на островот Сентоса.

Тие разменија неколку зборови чекорејќи заедно на црвен тепих пред американско и севернокорејско знаме, што до скоро беше незамисливо, јавуваат американски медиуми.

Се очекува средбата да биде фокусирана на прекинување на севернокроејската нуклеарна програма  во замена за укинување санкции врз Пјонгјанг

https://twitter.com/spectatorindex/status/1006344091959824384

 

.

По средбата во четири очи меѓу американскиот претседател Доналд Трампи севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун  , Трамп рече дека била   „многу, многу добра“. Тој наведе дека ќе има „одлични односи“ со севернокорејскиот лидер.

– Ќе решиме голем проблем,голема дилема, изјавил Трамп, пренесоа американски медиуми. Средбата траела 48 минути.

Тие заминаа на состанок на кој ќе им се придружат претставници од двете делегации.

Во американската делегација е државниот секретар Мајк Помпео, советникот на Трамп за прашања од национална безбедност Џон Болтон и шефот на Кабинетот на Белата куќа Џон Кели.

Северна Кореја е  претставена од министерот за надворешни работи и од директорот на одделот за Северна Америка во МНР.

Средбата ќе биде фокусирана на прекинување на севернокорејската нуклеарна програма  во замена за укинување санкции врз Пјонгјанг.

Трамп донел одлука да замине од Сингапур денеска наместо утре како што е планирано, јавија американски медиуми повикувајќи се на извори блиски до тимот на американскиот претседател.

 

Таквата одлука е донесена откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одредил неговиот самит со Трамп да заврши денеска. Трамп сакал да остане и подолго ако во разговорите има напредок, но откако Ким дефинитивно го испланирал своето заминување, и Трамп истото го направил.

Слични содржини