Историски момент: Хеликоптер на НАСА за првпат прелета над Марс (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Мини-хеликоптерот на НАСА „Ingenuity“ денес го спроведе својот прв лет над Марс. Заедно со соопштението за мисијата, НАСА објави и видео од краткиот лет.

Летот е извршен по доцнење повеќе од една недела поради технички проблем.

„Ingenuity“ ќе овозможи собирање на податоци поврзани со условите за живот на Марс.

Летот е предизвик поради густината на воздухот на Марс.

Роторот што ги придвижува пропелерите мора да ротира многу побрзо отколку хеликоптерите на Земјата.

НАСА објави на Твитер фотографија од сенка на хеликоптер на тлото на Марс.

По првиот успешен лет, „Ingenuityг“ треба да направи уште неколку подолги летови во наредните недели, иако ќе му треба четири до пет дена пауза помеѓу секој лет за да ги наполни батериите.

 

Слични содржини