Истрага против дилер на хероин, бил фатен со 12 грама

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

За 37-годишниот битолчанец беа обезбедени докази кои даваат основано сомнение дека од февруари годинава во повеќе наврати неовластено држел и продавал наркотична дрога – хероин. При извршен претрес на 10 април, полициски службеници кај него пронашле 12 грама хероин за која имал намера да ја препродаде на наркозависници.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека осомничениот би можел да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Слични содржини