Истрага во “Ербас” поради измами и корупција

од Vladimir Zorba

Британските власти почнаа истрага против воздухопловствниот концерн “Ербас” за корупција, мито и измами, пишува “Фајненшл тајмс”.

Image_5698139_126

Компанијата користела нелегални практики при продажбата на патнички авиони.

Се проверуваат договори склучени преку надворешни консултанти. Во центарот на истрагата е употребата на посредници за трансакции, поддржани од државата. “Ербас” во петокот објави дека со месеци преговара со британското Биро за борба против измама.

Претходно во текот на годината компанијата призна дека не ги информирала властите за учество на трети земји во трансакции за кои сакала државни гаранции од британската влада.

Поради проверките Британската агенција за кредитирање и агенциите во Германија и Франција застанаа со финансирањето на компанијата.

Слични содржини