Истрага за пронајдено оружје и муниција во Марино

од Vladimir Zorba

Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ донесе Основното јавно обвинителство Скопје.

Осомничениот, како што информираат од ОЈО, во својот дом во село Марино, неовластено држел полуавтоматски пиштол со калибар од 7,65 мм со два шаржери, десет куршуми со калибар 7,65 мм, ловна пушка со калибар 12 мм, полуавтоматски пиштол со калибар 7,62Х25 мм, 18 куршуми муниција за тој пиштол, 89 ловни патрони, како и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло.

Оружјето и муницијата биле пронајдени вчера при претрес на домот на осомничениот.

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи и опасност лицето да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Слични содржини