Истрагата за Меделин МекКен се пресели во Бугарија, кај „Жената во виолетово“

од desk2

Детективите кои го истражуваат исчезнуваањето на девојчето од Велика Британија Меделин МекКен, во моментот трагаат во Бугарија, во близина на границата со Србија, по извесна жена која се смета за клучен сведок во случајот, пишува српскиот весник „Новости“.

Британските истражители во Бугарија ја бараат мистериозната „жена во виолетово“, за која веруваат дека може да го разреши светски познатиот случај, односно дека располага со докази поврзани со исчезнувањето на тогаш тригодишното девојче, кое се случи пред десет години.

Бараната жена живела во близина на португалското летувалиште Праја де Луз, каде што Меделин исчезна во мај 2007 година. Но, таа ја напуштила државата по смртта на нејзиниот сопруг, кој бил осудуван педофил, по што полицијата почнала да трага по неа, според наводите на британскиот таблоид „Сан“. Како што се дознава од најновите информации, брачниот пар работел од апартман, во истиот хотел од кој Меделин исчезнала.

Извесна келнерка која работела заедно со сопружниците, кажала дека „жената во виолетово“ била забележана во локал, каде што Меделин МекКен била заедно со нејзините родители. Локалните жители ја кажале оваа информација на полицијата, но оттаму не преземале конкретни мерки, се додека истражителите на Скотланд јард повторно не ги преиспитале изјавите.

Новата трага, неодамна ја однесе истрагата во Бугарија, откако полицијата ја идентификува „жената во виолетово“ која е оттаму.

Родителите на Меделин, Кејт и Гери, биле излезени на вечера, кога нивната ќерка исчезнала од собата во која спиела со нејзините брат и сестра близнаци, на 3 мај 2007 година. Мајката Кејт забележала дека Меделин не е во собата, кога отишла да провери дали се е во ред со децата, околу 22 часот истата вечер. Овој случај е еден од најпознатите во светот, кога станува збор за исчезнати лица.

Слични содржини