Истрагата за трагедијата на автопатот „Струма“, возачот на „Беса транс“ е виновен за несреќата

од Берта Китинска

Возачот на автобусот е виновен за автобуската несреќа во Бугарија. Истрагата покажала дека поради неприлагодена брзина и изгубена контрола над автобусот е настаната трагедијата. Ова го соопшти бугарскиот истражител Борис Сарафов во интервју за Бтв. Извештајот е доставен и до македонското обвинителство а ќе биде дадено на увид и на роднините.

– Тоа е една човечка трагедија без преседан по бројот на жртви, но и без преседан како интензитет на работа што ја завршивме. Истрагата е завршена и останува само по судски пат да бидат известени властите во Македонија, со оглед на тоа што и семејствата на настраданите имаат право да се запознаат со материјалите од истрагата – изјави Сарафов.

Автобуската несреќа се случи на 23 ноември минатата година во раните утрински часови. Загинаа 45 патници кои се враќаа од продолжен викенд во Истанбул. Несреќата ја преживеаја само седуммина.

Слични содржини