Истражители ексхумираа цивили во импровизирани гробници во близина на Киев

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските истражители ископале седум тела од импровизирани гробници во шума во близина на Киев, а украинската полиција тврди дека станува збор за цивили кои биле убиени од руските сили за време на окупацијата на таа област, што Москва го негира, пренесе „Ројтерс“.

Телата биле пронајдени вчера во близина на селото Ворзел, на околу 10 километри од градот Буча, каде, според Киев, руските сили кои ја окупирале таа област извршиле систематски егзекуции во неуспешен обид да го заземат главниот град, наведува британската агенција.

„Ова е уште едно садистичко злосторство на руската армија во регионот на Киев“, напиша на Фејсбук началникот на полицијата на Киевската област, Андриј Њебитов.

Слични содржини