Истражители го завршија претресот на резиденцијата на саудискиот конзул во Истанбул

од desk2

Во рамки на истрагата за исчезнувањето на новинарот Џамал ​​Кашоги, турските истражители го завршија претресот  на резиденцијата на саудискиот генерален конзул во Истанбул, јави Анадолија.

Турските експерти од заедничката работна група за истрага на случајот „Кашоги“ рано утрово ја напуштија резиденцијата на саудискиот конзул.

Во текот на синоќешната истрага, истражителите извршија детален преглед на објектот и дворното место на резиденцијата во потрага по траги кои би можеле да го расветлат исчезнувањето на саудискиот новинар.

Саудискиот конзул Мухамед ал Отаиби ја напушти Турција ден пред влегувањето на истражителите во неговата резиденција, а истрагата за случајот и понатаму трае.

Слични содржини