Истражување: Граѓаните го оценија јавното здравство со „двојка“, секој четврти се лечи на приватно

од Nikola Popovski

Граѓаните го оценуваат квалитетот на македонското јавно здравство со оценка 2,36 на скала од 1 до 5, покажува најновото истражување на јавното мислење, што за „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според него, 29,9% од анкетираните на јавното здравство му дале единица, оценувајќи го квалитетот како многу лош. Дополнително двојка дале уште 24,8% од анкетираните, а тројка, 26,3%. Јавното здравство четворка добило од 8,9% од анкетираните, додека 3,3% го оцениле квалитетот на јавното здравство со одличен пет.

Во услови на силно незадоволство од квалитетот кој го нуди јавното здравство, 22,7% од граѓаните велат дека на лекар почесто одат во приватни здравствени установи. Над две третини од граѓаните или 69,8% се лечат исклучиво во јавното здравство.

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена на почетокот на март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

Слични содржини