Истражувањата покажаа што најчесто сонуваат луѓето пред СМРТТА!

од Vladimir Zorba

Специјалисти од американскиот центар за палијативна нега во Бафало објавија неверојатно откритие. Десет години ги следеле соништата на пациенти кои умираат и откриле дека непосредно пред да починат, имаат специфичен вид на сон.

Докторот Кристофер Кер ги објави резултатите од студијата спроведена на над 13 илјади луѓе со различна медицинска историја и која покажа дека скоро 88 проценти од нив имале многу живописни соништа пред смртта.

Во 72% од случаите, луѓето комуницирале во сон со починати роднини и пријатели, а во исто време биле обземени од „топли“ чувства. Дури 59 проценти сонувале да патуваат, ги спакувале куферите или купиле билети за „последното патување“. Некои дури патувале со воз или летале со авион, а исто така меѓу нивните придружници биле и нивните одамна починати роднини, со кои имале многу пријатни разговори.

Мал број учесници во студијата – 29 проценти, изјавиле дека ги виделе своите најблиски и пријатели во сон, но само живи. Сличен број – 28 проценти, пред нивната смрт имале соништа создадени од различни спомени од минатото, настани и луѓе кои останале во нивните убави спомени.

Исклучок беа сериозно болни деца, кои умирале. Најчесто сонувале за починати миленичиња, но и некои возрасни за кои не можеле да се сетат кои се.

Како што забележа д-р Кер, ваквите соништа обично започнуваат 10-12 недели пред смртта. За три недели, нивната фреквенција се зголемиле, соништата станале поживописни, а сликите посветли.

Експертите немаат научно објаснување за овој феномен. Сосема е можно во пресрет на смртта, да започнат да се појавуваат некои промени во човечкиот мозок, што доведува до појава на такви соништа. Она што испитаниците го потврдиле е дека ваквите соништа имале исклучително смирувачки ефект врз нив и во голема мера го ублажиле стравот од непосредна смрт.

Слични содржини