Истражување: 42,7% од граѓаните сметаат дека коронавирусот е излезен од лабораторија со намера

од Берта Китинска

Вкупно 42,7% од граѓаните, водејќи се од она што до сега го чуле или виделе, сметаат дека корона вирусот (Ковид-19) е излезен од лабораторија со намера, а дополнителни 6,0% сметаат дека вирусот е излезен од лабораторија, но по грешка, пишува во истражувањето на МЦМС.

МЦМС спровел истражување за да ги провери ставовите на граѓаните поврзани со здравјето но, и со поголем број други состојби кои ги предизвика болеста. Истражувањето е составено од три дела, а во првиот дел се обработени
прашањата поврзани со загриженоста за моменталната состојба во однос на Ковид-19, ставовите за потеклото на вирусот и влијанието на целата ситуацијата врз работните процеси.

Понатаму, 22,6 % од граѓаните не знаат како се појавил вирусот, 19,0% сметаат дека вирусот е природно појавен, а 10,3% сметаат дека вирусот не ни постои. За мал дел од граѓаните појавата на вирусот е поврзана со воспоставување на 5Г мрежи во светот (4,9%).

Врз одговорите на ова прашање влијание имала етничката припадност на испитаниците Па така, 41,8% од етничките Македонци (16,9 процентни поени повеќе од етничките Албанци), сметаат дека корона вирусот е направен во лабораторија. За разлика од нив, 24,9% од етничките Албанци сметаат дека вирусот не ни постои (19,2 процентни поени повеќе од етничките Македонци).

Слични содржини