Истражување: 58% од младите би се иселиле од државата

од Nikola Popovski

Податоците од истражувањето изработено од Фондацијата за демократија на Вестиминстер, на кој учествувале околу 1 000 испитаници, покажува дека 58 % од младите во земјава планираат да се преселат во странство.

Петар Барлаковски, претседател на Младински образовен форум на денешната конференција на тема „Да кажеме СТОП на иселувањето на младите“, во организација на Прогрес – Институтот за социјална демократија, истакна дека она што може да се увиди е дека за жал има голем број млади луѓе кои сакаат да си заминат од државава и висок степен и процент на незадоволство помеѓу младите од тоа што државата не придонесува за подобрување на младинскиот стандард.

Барлаковски презентира и истражување изработено од МОФ изминатата година во кое учествувале околу 800 испитаници, од кое податоците покажуваат дека 56,8 проценти од младите сметаат дека државата воопшто не придонесува за младите кои живеат во неразвиени рурални средини, а 61,4 проценти се изјасниле дека државата дополнително не придонесува за младите кои живеат сиромаштија.

Слични содржини