Истражување: Гледањето слатки животни е добро за вашето здравје

од Vladimir Zorba

Знаете дека откако сте погледнале видео со кученца и мачиња се чувствувате добро, а сега има и податоци што го потврдуваат тоа.

Студија спроведена на Универзитетот во Лидс во Велика Британија, со поддршка на туризмот во Западна Австралија, откри докази дека гледањето слатки животни помага во намалување на стресот и вознемиреноста.

Студијата испита како гледањето фотографии и видеа од слатки животни 30 минути влијае на крвниот притисок, отчукувањата на срцето и вознемиреноста.

Д-р Андреа Утили, вонреден професор на Универзитетот во Лидс, состави 30-минутна компилација од слатки суштества.

„Имаше неколку мачиња, кученца и бебешки горили и куока“, рече таа.

Куоката е преслатко суштество пронајдено во Западна Австралија кое често го нарекуваат најсреќното животно на светот.

Анкета спроведена на 19 лица беше спроведена во декември 2019 година меѓу 15 студенти и четворица вработени во универзитетот. Тоа е намерно темпирано за време на роковите за зимски испити, бидејќи тогаш нивото на стрес е високо, особено кај студентите по медицина.

Кај сите испитаници 30 минути по прегледувањето на содржината е забележан пад на крвниот притисок, отчукувања на срцето и вознемиреноста.

Беше забележано дека просечниот крвен притисок паднал од 136/88 на 115/71, што е во идеалниот опсег. Просечната срцева фрекфенција се намали на 67,4 отчукувања во минута, што е намалување за 6,5 проценти.

Стапката на вознемиреност паднала за 35 проценти и беше измерена со помош на самооценување, што често се користи во клинички услови за дијагностицирање на анксиозност, според Американското здружение за психологија.

„Бевме прилично изненадени што за време на набудувањето, секоја мерка падна кај секој учесник – пулсот се намали, како и крвниот притисок. По заминувањето, тие исто така посочија дека се чувствуваат помалку загрижени“, додава д-р Аути.

Студијата исто така откри дека видео клиповите се попосакувани, особено кога станува збор за животни кои комуницираат со луѓе.

Експертите се надеваа дека ќе направат дополнителни тестови, вкупно осум, но ги одложија поради коронавирусот. Продолжението се очекува следната година.

Слични содржини