Истражувањe: Луѓето кои се поактивни навечер имаат поголема веројатност да страдаат од депресија

од Vladimir Zorba

Ново истражување од Универзитетот во Ексетер покажа дека луѓето кои функционираат подобро ноќе отколку преку ден се посклони кон депресија и анксиозност отколку оние кои спијат според природниот „внатрешен часовник“.

Истражувачите дошле до овој заклучок откако детално ги проучиле гените на луѓето кои се поактивни ноќе и испитале дали тие гени се поврзани со некои здравствени проблеми, вклучително и депресија.

Покрај разгледувањето на гените, истражувачите побараа од учесниците да одговорат дали се повеќе утрински или вечерни типови и го измерија таканареченото „социјален џет лаг“ – односно како спијат во деновите кога работат наутро и кога се слободни следниот ден.

Во студијата учествувале 85.000 учесници, на сите преку монитор им била мерена мозочната активност за време на спиење. Според резултатите, оние чии навики за спиење противречат на природниот биоритам на човекот, биле подепресивни отколку оние кои спијат ноќе и се активни преку ден, а водечката авторка Џесика О’Лаулин вели дека ваквите резултати ја поддржуваат идејата дека треба да се работи пофлексибилно работно време: да им овозможи на сите да живеат според својот стил и навики.

Поголемата депресија кај „ноќните птици“, изјави О’Лаулин за „Метро“, може делумно да се објасни со фактот дека општеството бара од нив да му пркосат на сопствениот биоритам, бидејќи поради работата и другите обврски, тие обично треба да се разбудат рано наутро .

– За среќа или за жал, пандемијата создаде пофлексибилно работно време за многумина – додаде таа, нагласувајќи дека ова истражување е доказ дека усогласувањето на распоредот на одговорностите со внатрешниот часовник на поединецот ќе го подобри здравјето на многумина, особено нивната ментална состојба.

Слични содржини