ИСТРАЖУВАЊЕ: Откриен „лекот“ кој ќе го спречи коронавирусот да навлезе во вашето тело!

од Nikola Popovski

Група истражувачи од Универзитетот во Неапол ги објави резултатите од студијата според која чистењето на устата со 3% раствор на хидроген, со употреба на спреј за нос на база на хидроген и капки за очи, може да помогне во заштитата од Ковид-19, соопшти агенцијата „Анса“.

Резултатите од наполитанските научници беа потврдени и со експериментите направени на Универзитетот во Милано.

Експериментите покажаа дека лицата кои биле заразени, но биле асимптоматски или имале благи симптоми на инфекција, по примената на лекот, при повторното тестирање биле негативни на коронавирус.

„Истражувањето покажува дека вирусот може да се неутрализира пред да навлезе во епителот, што се јавува во рок од два дена по инфекцијата, со зајакнување на одбранбената сила на телото и чистење на устата, носот и очите, кои се главните патишта преку кои вирусот влегува во организмот“, изјавил Антонио Дел Прете, професор на очното одделение при Универзитетот „Федерико Втори“, за агенцијата Анса.

Оваа мерка, која се базира на препарати кои се ефтини и достапни за секого, е ефикасна како превенција кај пациенти кои имаат лесни симптоми на инфекција со коронавирус.

Научниците од Неапол ги објавија резултатите од нивната работа во англиското научно списание „”Infection control & Hospital Epidemiology”“.

Слични содржини