Истражување покажа дека Австријците се против забрзување на пристапот на Западен Балкан во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Австријците не се согласуваат со нивниот канцелар Карл Нехамер и не поддржуваат забрзување на процесот на пристапување во ЕУ на земјите од Западен Балкан.

Истражувањето на јавното мислење на институтот „ОГМ“ покажува дека 62 отсто од Австријците не сакаат брз пристап на Западен Балкан во ЕУ.

Кога станува збор за Украина, 50 отсто сметаат дека доделувањето кандидатски статус е погрешно, а 45 отсто сметаат дека е правилна одлука.

Само 19 отсто од Австријците се на мислење дека војната во Украина ќе заврши оваа година, додека дури 68 отсто претпоставуваат дека војната ќе трае подолго.

На прашањето дали Украина има воена шанса против Русија, 61 отсто од Австријците одговориле „не“, а 17 отсто „да“.

Што се однесува до проширувањето на конфликтот надвор од границите на Украина, само 22 отсто од Австријците стравуваат дека Русија, по Украина, би можела да ги нападне балтичките земји, Естонија, Латвија и Литванија.

Повеќе од една третина од испитаниците, 39 отсто, веруваат дека освојувањето на источните провинции и обезбедувањето копнена врска со анектираниот Крим е воената цел на Русија, а 27 отсто веруваат дека Русија сака да ја освои цела Украина.

Слични содржини