Истражување: Само осум проценти од децата пренеле коронавирус на своите семејства

од Nikola Popovski

Само осум проценти од децата со Ковид-19, кои биле лекувани на детското одделение, го пренеле вирусот на други членови на нивното семејство, според најновото истражување спроведено во болницата „Вал д’Хеброн“ во Барселона.

Студијата наречена „педијатриски ковид во Каталонија“ била спроведена помеѓу 1 јули и 31 октомври на 1.081 дете позитивно на коронавирус и 3.515 семејни контакти на кои во тој период им била дијагностицирана корона. Било откриено дека 47 проценти од децата кои заболеле од вирусот имаат асимптоматска форма на болеста, пренесува Ел Пасо.

Првите резултати биле објавени во август врз основа на податоците од 1 март до 31 мај, кога цела Шпанија беше во блокада и кога училиштата не работеа, а по повторното отворање на земјата, биле следени контактите на децата кои беа позитивни на вирусот и било откриено дека немало поголемо пренесување на вирусот.

Најновите податоци го опфатија летниот период и првите седум недели по отворањето на училиштата, кога земјата влезе во таканаречената „нова нормалност“, односно кога децата имале многу повеќе контакти.

Она што ја разликува втората фаза од истражувањето е дека педијатрите ги следеле нивните контакти веднаш по утврдувањето на болеста кај децата, така што било утврдено дека слободното движење на децата и враќањето на училиште не влијаело на поголемиот пренос на вирусот, пренесува Танјуг.

Само 2,5 проценти од децата позитивни на коронавирус барале болничко лекување, а од вкупниот број 99,2 проценти се опоравиле целосно, додека 0,4 проценти имале последици.

Според истражувањето, најчести детски симптоми се: треска придружена со кашлица, главоболка, замор и дијареја, а еден од докторите истакнал дека бројот на деца кои треба да бидат примени во болница е многу мал.

Во последните неколку месеци, бројот на ПЦР тестови се зголемил експоненцијално, особено кај децата, наведувајќи дека бројот на тестови бил 36.400 во август, 79.140 во септември и 140.000 во октомври, соопштила Јулијана Есоерабл од Одделот за микробиологија.

Слични содржини