Истражување: Секој трет студент во Србија сака да оди во странство штом ќе дипломира

од Vladimir Zorba

  Една третина од студентите во Србија планираат да ја напуштат државата по дипломирањето, а 90 отсто имаат поддршка од родителите за таква одлука, додека 70 отсто сметаат на помош од роднини и пријатели, кои живеат во странство.

Тоа го покажа анкетата за миграција на студенти, спроведена од Кабинетот на министер без ресор задолжен за демографијата и популациска политика, во соработка со Министерството за образование и Републичкиот завод за статистика.

Според министерката, Славица Ѓукиќ Дејановиќ целта на истражувањето спроведено врз 11.013 студенти на државни и приватни високообразовни институции во Србија, е да го разгледаат обемот на студентските миграции и да предложат мерки за задржување на младите луѓе во Србија.

Ѓукиќ Дејановиќ рече дека една четвртина од учениците донеле цврста одлука да ја напуштат земјата и оти нема да има никаква мерка што ќе ја преземе државата за да ги задржи.

Како главните предности на живеење во странство, најголем број од учениците изјавиле дека е полесно да најдат работа по струка, подобро платени работни места во професијата, висок стандард на живеење и подобри можности за професионално напредување.

ИТ инженерите и лекарите се најчести профили кои студираат во Србија, а сакаат да ги наплатат своите вештини во странство. Истражувањата, исто така, покажаа дека лекарите често ја спомнуваат Германија како земја во која можат да работат, додека 11 отсто од ИТ студентите сакаат да одат во САД.

Швајцарија, Австрија и Норвешка, исто така, се наведени на листата на пожелни земји.

– Најзаинтересирани за напуштање на Србија се студентите од информатичките и комуникациските технологии, како и медицината, а помалку – оние со факултети за општествени и хуманистички науки, вели Ѓукиќ Дејановиќ.

Кога станува збор за планирана должина на престој, 50 отсто не планираат да се вратат, 19 отсто ќе се врати кога ќе се обезбедат доволно пари за да започнат свој сопствен бизнис, додека 13,8 отсто ќе го стори тоа кога економската ситуација во Србија ќе биде подобра и постабилна.

Студентите би ја напуштиле одлуката да заминат во странство ако им била дадена можност да започнат сопствен бизнис во Србија, доколку добијат стимулативни или станбени кредити или стимулации за подобра научна работа. Министерката рече дека младите луѓе кои заминуваат од Србија се во просек 28,5 години, а секој четврти има висока стручна подготовка.

Слични содржини