Истражување: Стапката на смртност од Ковид-19 е многу поголема отколку кај грипот

од Vladimir Zorba

Стапката на смртност кај пациенти со Ковид-19 во француските болници е три пати поголема отколку кај пациентите со грип, покажуваат резултатите од француска студија. Во пролетта, 16,9 проценти од хоспитализираните починаа од ковид-19, болест предизвикана од новиот коронавирус, додека во текот на зимата 2018-19 година. 5,8 проценти од хоспитализираните починале од грип. Но, пациентите сега можат да имаат подобар третман од почетокот на пандемијата.

„Нашата студија покажува дека Ковид-19 е многу посериозен од грипот“, рече Кетрин Квантин, која ја водеше студијата во универзитетската болница во Дижон.

Квантин посочи дека наодите се особено алармантни со оглед на тоа дека сезоната на грип 2018-19 година беше најсмртоносна во последните пет години. Студијата се засноваше на податоци за приеми во приватни и јавни болници и вклучува 135.000 пациенти. Истражувачите откриле и дека на поголем процент на луѓе кои страдаат од Ковид-19 им треба интензивна нега. Во просек, тие престојувале подолго во единиците за интензивна нега, во просек 15 дена, што е скоро двојно подолго отколку во случаите на грип.

Исто така, им требаше респиратор речиси двојно почесто. Сепак, поради Ковид, многу помал дел од децата завршија во болници во споредба со епидемијата на грип. Студијата открива дека меѓу хоспитализираните лица за Ковид има 1,4 проценти под 18-годишна возраст, додека 20% се поради грип.

Слични содржини