Истражување во Русија: Колку народот му верува на Владимир Путин?

од Stefanija Kuzmanovska

Во Русија беа спроведени две одделни истражувања на руското јавно мислење за прашањето на довербата во руските високи функционери, како и во Владата на Руската Федерација.

Околу 80 отсто од Русите му веруваат на претседателот на Русија, Владимир Путин, покажа истражувањето на Фондот „Јавно мислење“.

Според податоците од истражувањето, 79 отсто од граѓаните му веруваат на рускиот претседател, 13 отсто не му веруваат, додека осум отсто не одговориле на прашањето.

Според мислењето на мнозинството испитаници, 81 отсто од нив, сметаат дека Путин добро си ја врши работата, додека десет отсто од нив сметаат дека ја врши лошо.

Истражувањето беше спроведено на 7 август и во него учествуваа 1.500 испитаници на возраст од 18 години и постари од 103 градови во 53 руски региони. Статистичката грешка не надминува два и пол отсто.

Слични содржини