ИСТРАЖУВАЊЕ ВО САД: Дури 90 проценти од Американците мислат дека до 2030 година ќе имаат жена на чело на државата!

од Nikola Popovski

Повеќе од 90 проценти од Американците сметаат дека САД би можеле да имаат претседател до 2030 година, покажува анкетата. Резултатите биле објавени во време кога американската потпретседателка Камала Харис се повеќе се смета за фаворит за претседателска номинација на Демократската партија во 2024 година.

Анкетата на Галуп спроведена во 74 земји покажа дека Американците најверојатно ќе кажат „да“, за жена да може да ја води нивната земја до 2030 година.

Мнозинството испитаници во само три земји, Мавританија, Белорусија и Шри Ланка, изјавија дека не очекуваат жена да биде претседател во годините што доаѓаат, покажува истражувањето спроведено од 2019 до 2020 година, чии резултати беа објавени на Меѓународниот ден на жената.

119 држави никогаш немале претседателка

Жените се претседателки во само 22 земји, а 119 никогаш не биле на чело, според податоците на ООН, додека жените имаат нешто повеќе од една четвртина од парламентарните места во светот.

Изборот на Камала Харис за прв потпретседателка на САД минатата година им даде голем поттик на напорите за зголемување на уделот на жените во политиката и на високите позиции, посочуваат активистите.

„Сите веруваме дека Харис ќе се кандидира за претседател многу многу брзо“, рекла Сара Гилермо, извршен директор на калифорниската организација ИГНИТЕ за млади жени во политиката, опишувајќи го својот избор како голема културна промена.

„Навистина е одлично не само за девојчињата во светот, туку и за момчињата, за да можат целосно да разберат дека двата пола можат да служат на највисоките позиции“, рече таа.

Камала Харис, која влезе во историјата како прва Афроамериканка и прва Американка со азиско потекло што ја освои втората највисока функција во САД, се смета за очигледен кандидат за демократска номинација на Демократската партија во 2024 година, доколку претседателот Џо Бајден одлучи да не се кандидира повторно.

Резултатите од тоа истражување го следат предупредувањето од минатата недела дека, и покрај неодамнешните назначувања на жени на високи позиции во светот, недостасува поширок напредок кон еднаквост во политиката и другите клучни области.

Слични содржини