Истражување за ефикасност на вакцините во С.Македонија: Сите имаат над 91 процент ефикасност, во спречување смрт

од Берта Китинска

Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем “Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15. Јануари 2021-ва) до 30. Септември 2021-ва. Вкупно 1,886,124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779,558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1,106,566 невакцинирани испитаници.

Од популацијата на која им е понудена вакцината (11 години и постари), во дадениот период 41.33% биле вакцинирани со бар една доза, од кои повеќето (37.78%) биле целосно вакцинирани со две дози. Најголем дел од испитаниците ја примиле вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech и вакцината CoronaVac на производителот Sinovac. Бројот на испитаници кои примиле една односно две дози вакцина е даден во Табела 1.

Сите вакцини покажаа висока ефективност, над 91%, во спречување смрт од КОВИД-19. За разлика од претходната анализа во спречување хоспитализација, вакцините BBIBP-CorV (производител Sinopharm) и Gam-COVID-Vac (производител Gamaleya Institute) покажаа многу мала разлика во пружањето заштита од смрт од КОВИД-19 споредбено со останатите вакцини. Вакцината BBIBP-CorV (производител Sinopharm) имаше малку пониска ефективност од останатите вакцини во спречување смрт од КОВИД-19, која е незначителна.

Во анализа на 66,942 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител покажа значително пониска ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, која коригирана за пол и возрасни групи изнесуваше 39.140% (95% ИД: 34.476- 43.562)

Најголем број граѓани се вакцинирани со Фајзер и Синовак покажува последната анализа на Минстерството за здравство.Спутник е вакцината која има најмала ефикасност. Таа изнесува 80% што значи дека секој петти пациент кој ја примил оваа вакцина завршил во болница.

Синофарм е вакцината која има најслаба заштита и од смртен исход, иако мора да се потенцира дека во 91% од ситуациите завршила работа.

Овие резултати ги потврдуваат наодите во останатите популации, потврдувајќи дека вакцините против КОВИД-19 се високо ефективни и во македонската популација во спречување тешка болест и смрт од КОВИД-19. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаа разлики во спречување хоспитализација од КОВИД-19. Анализата укажува дека една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина.

Ова се првични, прелиминарни резултати, кои се дел од тековно истражување на вакциналната ефективност во македонската популација. Овие процени на ефективноста на популационо ниво се блиски до процените добиени преку дополнителни анализи во склоп на истражувањето, спроведени преку вгнездена студија на случаи и контроли со тест-негативен дизајн, кои имаат за цел да ја минимизираат пристрасноста и да го исклучат ефектот кој би го имале граѓаните кои се регистрирани во “Мој Термин” а кои не живеат во Р. С. Македонија.

Истражувањето го предводи д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство на Република Северна Македонија (Р.С. Македонија). Истражувањето е на доброволна основа, истражувачите немаат конфликт на интереси и немаат примено финансиски надомест за истражувањето.

Целото истражување можете да го данолдирате на овој линк

Слични содржини