Истражувањето потврди: Личностите кои имаат сестра се посреќни

Доколку се сметате за среќник затоа што имате сестра, потполно сте во право.

Научниците од универзитетот Де Монтфорт и Улстер неодамна направија истражување во кое испитале повеќе од 570 личности на возраст од 17 и 25 години. Им биле поставени одредени психолошки прашања на различни теми, вклучувајќи го и менталното здравје.

Резултатите до кои дошле покажале дека личностите кои имаат сестри биле поотворени и не им било проблем да разговараат за сопствените чувства. Исто така, покажале дека се пооптимистични и посреќни.

Еден од основачите на студијата, професорот Тони Касиди, ги објаснил добиените резултати.

„Сестрите се покажале како личности кои поттикнувааат отворена комуникација и кохезивност во семејството. Но браќата, на пример, имаат сосем спротивен ефект“, рекол.

Касиди додал дека тоа е поради фактот дека мажите имаат природна тенденција да не разговараат за некои лични работи, додека жените тоа го поттикнуваат, што доведува до подобро психичко здравје и посреќен живот.

Слични содржини