Истрефи го призна поразот, Мерко продолжува да ја води Струга

од Nikola Popovski

Не успеавме! Со цела сила се боревме со секоја енергија што ја имавме, но очигледно не беше доволна да победиме Струга. Животот продолжува. Заедно со неа, трудот да се направи најдоброто, за Струга, за генерациите што доаѓаат, објави Идри Истрефи, кандидат на Алијанса на Албанците за градоначалник во Струга, кој се судри со актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.

Според него, Ваквиот развој на настаните никако не треба да влијае врз животот на обичниот стружанец.

-Но, сакам да ви се заблагодарам. Сакам да се извинам што не направив повеќе. Илјадници благодарност до вас. Ти си најдобар, напиша Истрефи.

Претходно, пораз призна Теута Арифи од ДУИ, која му честиташе на нејзиниот противкандидат од Беса, Биљал Касами.

Слични содржини