Истрелани два проектили кон Абу Даби (ВИДЕО)

од Milan1

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека се уништени два проектила истрелани кон Абу Даби, пренесе Бгнес.

– Силите за воздушна одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) пресретнаа два проектили истрелани од бунтовниците Хуси од јеменското движење Ансар Алах кон главниот град Абу Даби, објави новинската агенција ВАМ, цитирајќи го Министерството за одбрана на ОАЕ.

Според Министерството, остатоци од проектилите паднале во неколку области на емиратот Абу Даби без жртви или повредени.

Слични содржини