152
Италијанската полиција во градот Бреша денеска соопшти дека запленила повеќе од 170.000 евра од екстремно десничарската пратеничка во Европскиот парламент (ЕП) Стефанија Камбели, како дел од истрагата за злоупотреба на средствата од ЕУ наменети за нејзините парламентарни асистенти.
Властите минатиот четврток запленија банкарски сметки и луксузни автомобили како дел од истрагата во рана фаза, предводена од Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕППО) во Милано.
Истрагата е насочена кон четворица помошници кои работат во Италија за Камбели, која е прв пат европратеник во екстремно десничарската партија Северна лига во рамките на пошироката група Идентитет и демократија во ЕП и член на комисијата за вработување, објави „Политико“.