Италија: 145 лица починаа во последните 24 часа од коронавирус – најмалку од 9 март

од Vladimir Zorba

Во Италија починаа 145 лица во последните 24 часа од Ковид-19, што е најмал број на жртви на дневна основа од 9 март, соопшти денеска Агенцијата за цивилна заштита.

Бројот на нови пациенти е на најниско ниво од 4 март и изнесува 675, што е за 200 помалку од вчера, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на епидемијата на 21 февруари, починаа вкупно 31.908 лица, што ја става Италија на третото место во светот, по Соединетите држави и Велика Британија.

Потврдени се вкупно 225.435 случаи на заразени со коронавирус, така што Италија сега е на шестото место во светот по број на пациенти, по САД, Шпанија, Велика Британија, Русија и Бразил.

Во моментов, повеќе од 68.000 луѓе се болни, а 762 пациенти се на интензивна нега. Беа излечени над 125.000 луѓе.

Слични содржини