Италија: 262 нови случаи на коронавирус, починаа уште 49 лица

од Vladimir Zorba

Во Италија уште 262 лица се заразија од коронавирусот, а 49 лица починаа, објави Агенцијата за цивилна заштита.

Од почетокот на епидемијата животот го изгубија вкупно 34.610 лица, па така Италија е на четвртото место во светот по бројот на жртви по САД, Бразил и Велика Британија, пренесува Ројтерс.

Вкупниот број случаи е 238.275, соопшти агенцијата.

Италија има население од 60 милиони, а досега биле тестирани 3,017 милиони луѓе.

Слични содржини