Италија: 4 лица починаа од згрутчување на крвта по вакцинирање со „AstraZenecа“

од Vladimir Zorba

Четири лица починаа во Италија од ретки тромбови, откако беа вакцинирани со вакцината „AstraZenecа“ против Ковид-19, според извештајот на националната фармацевтска агенција АИФА објавен во четвртокот.

Според извештајот на АИФА, различни несакани ефекти биле потврдени во 0,5 проценти од 9,07 милиони дози инјектирани помеѓу 24 декември и 26 март, со употреба на вакцини од сите тројца производители, Pfizer, AstraZenecа и Moderna. Пријавени се несакани реакции.

Тешки несакани ефекти биле потврдени во 0,04 проценти од случаите.

Лесните несакани ефекти се потврдени по администрацијата на сите три вакцини, според АИФА.

Најчесто, ова се симптоми како што се грип, болка на местото на инјектирање и замор.

Како и многу европски земји, и Италија накратко ја прекина вакцинацијата со „AstraZenecа“ во март кога се појави загриженост за појава на тромбови. Оттогаш, таа повторно започна да вакцинира со оваа вакцина, но луѓе над 60 години, откако европските регулатори заклучија дека придобивките од вакцинацијата се многу поголеми од ризиците.

Во Италија, 11 лица развија еден од двата вида на згрутчување на крвта откако примија вакцина „AstraZeneca“, тромбоза на церебрален венски синус (CVST) и тромбоза. Од тие 11 лица, четворица починаа, се наведува.

„AstraZeneca“ објави дека истражува за да ја разбере природата на овие индивидуални случаи и истражува „можни механизми што можат да ги објаснат овие исклучително ретки појави“.

Слични содржини