Италија: Автобус падна од надвозник и се запали – 15 загинати, десетици повредени

од Vladimir Zorba

Најмалку 15 лица загинаа, а десетици други се повредени вечерва во автобуска несреќа во Италија.

Автобус со многу луѓе вечерва околу 20 часот излетал од надвозникот Либерта во Местре и по 10 метри лет паднал на железничката пруга и се запалил.

Според првите информации, загинале најмалку 15 лица, од кои некои се јагленисани, додека четириесетина се повредени.

Слични содржини