„Италија да изгуби попладне, а нека победи вечер“: Вака Ѓоковиќ го гледа идеалниот епилог на двете финалиња во недела

од Vladimir Zorba

Во недела, Лондон ќе биде сцена на двете најважни спортски битки, тенисот и фудбалот, кои ќе ги следат Италијанците со најголемо можно внимание. Матео Беретини ќе го одигра своето прво Гренд Слем финале во 15 часот, а од 21 часот фудбалерите на Роберто Манчини играат против Англија за титулата европски шампион.

Сепак, ќе се прашаат и другите страни во тие финалиња, од кои секако за нашиот северен сосед е поважно она на помалата тревна површина, каде Новак Ѓоковиќ ќе се стреми кон 20-та титула на турнирите од „големата четворка“ и ќе се изедначи на вечната листа со Федерер и Надал.

Во таа смисла интересен е односот помеѓу италијанските навивачи и српскиот ас, против кого тој ќе се најде во финалето на Вимблдон, иако Србинот ќе ги бодри „азурите“ во финалето на „Вембли“, за што зборуваше за италијанските медиуми.

– Фудбал и тенис, Мама миа Италија, фантастично! – рече Ноле за каналот „Скај Спорт Италија“.

– Беретини нема да изгуби многу против мене. но затоа Италија може да загуби многу против Англија – направи тој паралела помеѓу двете финалиња.

– Се надевам дека тоа ќе бидат два одлични натпревари и дека Италија ќе победи само на тој натпревар вечерва – рече Ноле.

Ѓоковиќ има посебна врска со Италија, тој секогаш е добро прифатен на турнирот во Рим, а најголемиот можен респект и восхит од Италијанците дефинитивно го стекна кога и помогна на болницата и на градот Бергамо со донација од еден милион евра.

Новак е голем фан и на Милан, па не е ни чудо што ќе ги бодри Италијанците во недела против Англичаните.

Што се однесува до Беретини, тој е голем навивач на Фиорентина, а конкретно за финалето против Новак, тој ќе излезе на теренот со виолетово знаме, како и со италијанското.

Слични содржини