Италија ќе преземе правни мерки против „Фајзер“ и „АстраЗенека“

од Vladimir Zorba

Италија ќе преземе правни мерки против компаниите „Фајзер“ и „АстраЗенека“ поради доцнење во испораката на вакцините, предупреди министерот за надворешни работи, Луиџи ди Мајо.

Според него, Италија ќе го стори тоа со намера да ги забрза испораките, наместо да бара надомест на штета.

„Правиме се за да не мора да го менуваме планот за вакцинирање. Ги активиравме сите канали, така што Европската комисија ќе стори сé за да ги натера овие господа да ги почитуваат своите договорни обврски“, изјави Ди Мајо за РАИ, пренесе Ројтерс.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во саботата изјави дека одложувањето на испораката на вакцини од „Фајзер“ и „АстраЗенека“ претставува сериозно кршење на договорот.

loading...

Слични содржини