ИТАЛИЈА МАКА МАЧИ СО КОРОНАТА: Повторно нагло зголемување на смртните случаи

од Nikola Popovski

Во изминатите 24 часа, во Италија беа регистрирани 420 смртни случаи од последици од коронавирусот, што е значително зголемување во споредба со претходниот ден, кога тој број беше 299.

Што се однесува до новите случаи, Италија бележи пад, бидејќи во последните 24 часа се регистрирани 8.561 случај на коронавирус, додека во неделата имало 11.629, пренесува Ројтерс.

Од почетокот на пандемијата, повеќе од 2,4 милиони луѓе биле заразени со коронавирус во Италија, а 85,881 луѓе починале.

Слични содржини