160
Италија објави 352 смртни случаи поврзани со коронавирусот во последните 24 часа, додека имало 15.104 новозаразени, објави Министерството за здравство.
Ова претставува намалување во споредба со 553 смртни случаи и 16.308 новоинфицирани, регистрирани ден претходно, пренесе Ројтерс.
Италија, првата западна земја погодена од вирусот, забележа 68.799 смртни случаи од КОВИД-19 од февруари, највисока во Европа и петта во светот.
До денес има регистрирано повеќе од 1,95 милиони случаи на заразени.