Италија: Над 31.000 новозаразени и 199 починат од Ковид-19

од Vladimir Zorba

Италија во последните 24 часа регистрира рекордни 31.084 нови случаи на коронавирус, а 199 лица починаа како резултат на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

Ова е најголем пораст на бројот на случаи од почетокот на здравствената криза и повисок од претходниот рекорд од 26.831 случај регистриран во четвртокот, пренесува Ројтерс.

Бројот на смртни случаи е помал во споредба со претходниот ден, кога беа забележани 217 смртни случаи од Ковид-19.

Слични содржини