Италија намали на четири месеци рок за враќање мигранти

од desk2

Италијанската влада денеска соопшти дека потпишала указ со кој се намалува на четири месеци рокот за враќање на мигрантите благодарение на договорите постигнати со разни земји на потекло.

Шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо денеска на прес-конференција изјави дека  таа меѓуминистерска уредба (Министерства за надворешни работи, правда и внатрешни работи), со кој се скратува рокот од две години на четири месеци за утврдување дали мигрантот може да добие престој во Италија или треба да се врати во неговата земја на потекло.

Ди Мајо објасни дека договори веќе постојат со Мароко и со Тунис, но тие треба да бидат „зајакнати и ратификувани“.

Десетина земји се на списокот на оние што треба да бидат вклучени во таа уредба, вклучувајќи ги Албанија, Босна, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Гана и Сенегал.

-Таа уредба не крши никакви човекови права. Тоа е прашање на тежината на процедурите во однос на земјите, вклучително во Медитеранот, со кои работиме и тргуваме секој ден, рече Ди Мајо.

Слични содржини