Италија: Нов дневен црн рекорд на починати од коронавирус

од Nikola Popovski

Италија во средата објави 627 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, за разлика од претходниот ден кога имаше 421.

Денешниот биланс на починати е нов црн рекорд поставен во Италија, додека претходниот рекорд беше постигнат во јануари.

Италија забележа вкупно повеќе од 112 000 смртни случаи поврзани со КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година и е на второ место во Европа по Велика Британија.

Дневниот број на инфекции е 13.708, додека претходниот ден се регистрирани 7.767 случаи. Според италијанското Министерство за здравство, бројот на заболени се зголемил на 3,7 милиони.

Експертите сметаат дека бројот на смртни случаи регистрирани во средата може да биде поврзан со непријавени смртни случаи што се случиле за време на велигденските празници, а биле пријавени денес.

До денес се дадени повеќе од 11,6 милиони дози вакцини, а околу 3,5 милиони луѓе во земјата примиле две дози.

loading...

Слични содржини