Италија: Нов рекорд по бројот на починати од коронавирус

од Vladimir Zorba

Италија во средата објави 627 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, додека претходниот ден беа забележани 421.

Денешниот биланс на жртвите е нов црн рекорд поставен во Италија, откако претходниот рекорд беше постигнат во јануари.

Италија забележа вкупно повеќе од 112.000 смртни случаи поврзани со КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во февруари 2020 година и е на второ место во Европа по Велика Британија.

Дневниот број на новозаразени е 13.708, додека претходниот ден се регистрирани 7.767 случаи. Според италијанското Министерство за здравство, бројот на заболени се зголемил на 3,7 милиони.

Експертите сметаат дека бројот на смртни случаи регистрирани во средата може да биде поврзан со непријавени смртни случаи што се случиле за време на велигденските празници, а беа пријавени денес.

До денес се администрирани повеќе од 11,6 милиони дози вакцини, а околу 3,5 милиони луѓе во земјата примија две дози на вакцини.

Италијанската влада сака да го забрза процесот на вакцинирање, а целта е 500.000 дози на ден за да се постигне колективен имунитет до крајот на летото.

Во Италија, строгите епидемиолошки мерки треба да останат на сила до крајот на април.

Слични содржини