Италија: Од коронавирусот починаа 14 лица, 528 заразени

од Aleksandar Petrovski

Во Италија уште две лица починаа од последица на новиот коронавирус, со што бројот на жртви се зголеми на 14, додека 528 лица се заразени. Шефот на италијанската служба за цивилна заштита Анџело Борели напомена дека што се однесува до смртните случаи, во прашање се прелиминарни податоци, затоа што се чекаат конечните потврди од извршените тестови.

Бројот на заразени случаи е зголемен од вчерашните 420 на 528 и повеќето се однесуваат на северот на Италија, пренесува Ројтерс.

Борели истакна дека добри вести доаѓаат од ЛОмбардија, регионот кој најмногу е погоден од коронавирус, бидејќи 37 лица се опоравиле, пренесува Анса.

Слични содржини