Италија се соочува со голема политичка криза: Конте вечерва поднесува оставка

од Nikola Popovski

Италијанскиот премиер Џузепе Конте најверојатно вечерва или утре изутрина ќе поднесе оставка од претседателот Серхио Матерли, дознава Ројтерс.

Со оваа постапка, Конте сака да избегне ризично гласање во парламентот во текот на неделата, поради контроверзниот извештај за правдата, и добива повеќе време да убеди некои пратеници да ја поддржат владата, бидејќи минатата недела го загуби мнозинството во Сенатот.

Доколку премиерот поднесе оставка, нема гаранција дека може да се формира нова коалиција и постои ризик да се одржат предвремени избори.

Конте минатата недела изгуби апсолутно мнозинство во горниот дом на Сенатот, како и довербата на јавноста поради кризата предизвикана од коронавирусот, особено поради економските тешкотии.

Членовите на партијата „Жива Италија“, предводена од поранешниот премиер Матео Ренци, тогаш ја напуштија владата.

Конте сега има потреба од поддршка од помалите центристички партии кои не се дел од коалицијата или опозицијата.

Ренци посочи дека ќе се врати во коалицијата доколку Конте ги исполни неговите барања.

Да потсетиме, Конте стана премиер по 2018 година на предлог на популистичкото движење „Пет ѕвезди“, кое потоа формираше влада со екстремно десничарската Лига на Матео Салвини.

Слични содржини